СДСМ Прилео: Наместо зголемување, ВМРО-ДПМНЕ ги намали субвенциите за тутун


tutundepositphotos_10285287_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Систематското уништување на македонското земјоделство од страна на ВМРО-ДПМНЕ непрекинато тече 27 месеци, од првиот ден на нивното доаѓање на власт. Една од првите лаги на владата на ДПМНЕ која ги засегна земјоделците не само од Пелагонискиот регион туку од цела Македонија, беше изборното ветување за зголемување на субвенциите за тутун на 160 денари. Наместо зголемување, тутунопроизводителите беа непријатно изненадени со нивно намалување од 100 денари на 80, 70 и 60 денари за килограм откупен тутун, велат од СДСМ Прилеп.


Од таму додаваат дека со намалени и неисплатени субвенции се соочиле и производителите на пиперки, на кои, како што велат, се’ уште не им се исплатени субвенции по површина и по килограм откупено производство за минатата 2025 година.

„Маката да им биде уште поголема, оваа година пиперките ја имаат историски најниската откупна цена од 15 денари за килограм. И не само што цената е под секое ниво, туку откуп на пиперки практично и нема. Во знак на револт, производителите ги уништуваат засадените површини, а проценките се дека најмалку 40% од годинешното производство на пиперки ќе остане на нивите. Понижувачка беше и цената на пченицата од годинешната реколта, која се откупуваше за мизерни 9 денари за килограм. Истовремено, земјоделците не ги добиле ни субвенциите за семенски материјал за 2025 година. Колку е ниска откупната цена на пченицата кажува споредбата со времето на Владата на СДСМ, кога таа се движеше околу 20 денари, плус дополнителни 3 денари за килограм како интервентна мерка. Од 18.000 денари на 13.000 денари по хектар намалени се и субвенциите за сончогледот, за разлика од времето на СДСМ кога постоеше и интервентна мерка од 5 денари по килограм сончоглед, додека состојбата со откупот на грозје е приказна за себе“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека простор за задоволство од владините политики немаат ни сточарите, кои, како што велат, до ден денес ги немаат добиено субвенциите по литар предадено млеко за 9 месеци од минатата 2025 и цела 2026 година.

„Дополнителни причини за нивното огромно незадоволство се намалените субвенции по грло добиток од 12.000 на 8.000 денари, намалувањето на откупната цена на кравјото млеко за цели 10 денари по килограм, како и тоа што во одредени региони млекото воопшто и не се откупува. Конечно, од првиот ден на доаѓање на власт Владата на ДПМНЕ престана да ја применува Националната програма за механизација 2021-2027 и ИПАРД програмата донесена од Владата на СДСМ. Со нејзиното неприменување, на разни категории земјоделци им е оневозможено да добијат трактори и друга земјоделска механизација, со што дополнително ја отежнува и онака тешката состојба на земјоделците и сериозно ја загрозува нивната егзистенција. Токму од тие причини, констатацијата на македонските земјоделци дека не постоела Влада која покажала вакво крајно непочитување и максимално игнорантски однос кон нив како што тоа го прави актуелната Влада на Мицкоски и ДПМНЕ, држи место“, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK