Рустеми: Гарантираме дека за четири години и седум месеци ќе се изградат 110 километри автопат на коридорите

rustemi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми гарантира изградба на 110-те најавени километри автопат на коридорите 8 и 10д за четири години и седум месеци, со новиот концепт и за проектирање и градба предвиден во Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

На новинарско прашање, Рустеми денеска потсети дека е променет моделот за изградба на патиштата поради повеќегодишното траење на изградбата на клучни инфраструктурни проекти


Сите проекти, посочи Рустеми, што се сега во тек траат осум, десет, па и повеќе години. Затоа како ЈПДП заедно со Министерството за транспорт и врски одлучивме да го менуваме коцептот за изградба на патиштата.

-Тоа е новиот концепт што го склучивме со „Бехтел и Енка и е модифициран црвен ФИДИК за брзо градење. Договорот што го потпишавме има рок, што значи за четири години и сдум месеци ќе изградиме 110 километри автопат. Во овој договор и со овој модел како нов концепт за изградба на патиштата паралелно се одвиваат повеќе активности. Веќе почнавме со геомеханичките испитувања, се одвива и подготовка на елаборати за експропријација, се мобилизираме и веќе почнуваме со проектирање и со мобилизирање на целокупната механизација за градба. Сите овие акции се одвиваат паралелно и тврдиме и гарантираме дека за четири години и седум месеци ќе ги имаме изградено 100 километри автопат, рече Рустеми, кој со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беше на увид на обновата на патот Демир Капија – Неготино.

И премиерот Ковачевски потенцираше дека на двата коридора веќе се вршат неопходните подготвителни активности за градежни работи, геомеханички истражувања, а паралелно, како што рече, течат и процесите на проектирање, израбитка на елаборати за експропријација и мобилизација на фирми што ќе бидат вклучени во изградбата на овие автопатишта.

-Ова е најголемиот инфраструктурен стратешки проект досега со кој ја поврзуваме земјата со регионот, со Европа и по европски и светски стандарди на изградба на патна инфраструктура.

Покрај со Солунското пристаниште се поврзуваме со уште две пристаништа, со Бургас во Бугарија и со Драч во Албанија. Со одлуката на ЕУ за поставување на Коридорот 8 на мапата на главните коридори во регионите на ЕУ нашата држава се позиционира како крстосница на регионот на двата главни европски коридори – Коридорот 10 и Коридорот 8, рече Ковачевски.

Тој повтори дека проектот ќе отвори нови осум илјади работни места, инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2 проценти на годишно ниво

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK