Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Upraven_casys
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор.

г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.



Во образложението на одлуката за реизбор се истакнува дека резултатите од работата на извршните директори и членови на Управниот одбор на КаСис изминативе години се евидентни.

Компанијата ги зголеми приходите и профитот од кој дел се реинвестираше во опрема и софтвер со врвна технологија за унапредување на услугите во чекор со светските трендови. КаСис во континуитет е стабилен и доверлив партнер на банките и е-трговците во доменот на процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар. Сите услуги се на највисоко ниво на безбедност потврдено со сертифицираност од страна на MasterCard / Visa / Diners International (DCI).

„Во изминатиот мандат како тим успеавме да ја зацврстиме лидерската позицијата на КаСис во индустријата преку извонредниот квалитет на услугите, максималната сигурност и технолошки софистицирани и напредни решенија усогласени со потребите на клиентите.

Тоа го постигнавме благодарение на професионалноста и посветеноста на сите вработени, кои го вложуваат целокупниот личен и деловен капацитет во задоволството на клиентите.

Новиот четиригодишен мандат е ветување за уште поголеми залагања и резултати кои ќе ја позиционираат компанијата подеднакво доминантно и на регионалниот пазар.“ – стои во изјавата на Управниот одбор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK