Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозираше дека руската економија ќе порасне за 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите.
Во октомври минатата година, тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера директорката за комуникации на ММФ, Џули Козак во Вашингтон.
Значајните социјални трансфери помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на „прегревање“ на економијата, како што е зголемената инфлација.
Во среднорочна перспектива, растот треба да забави, со оглед на исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето на дел од висококвалификуваната работна сила, наведува. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.