Работна група треба да достави предлог до Владата за најниската пензија и предлог мерки за помош и поддршка на пензионерите

Penzioneri.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата информира дека на денешната седница ја има разгледано и усвоено информацијата од Министерството за труд и социјална политика за формирање работна група за разгледување предлози за прашањето за најниската пензија во државата, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите и го донесе Решението за формирање на Работната група.



Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите е задолжена да достави до Владата соодветен и финансиски издржлив предлог за најниската пензија и предлог мерки за помош и поддршка на пензионерите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK