Прогласени победничките во изборот „Жена на годината 2023“

Zeni na godinata 2023
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во енергична и инспиративна атмосфера со многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, денес се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2023” (www.zenanagodinata.mk), во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 799 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.


Лауреатот македонска Жена на годината го понесе Бисера Чадловска – првата жена диригент во Македонија. Под нејзината диригентска палка, во изминатите две децении се реализирани многубројни оперски и балетски дела на сцената на Националната опера и балет.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2023“:

  1. Жена на годината – Бисера Чадловска
  2. Жена со трајни вредности – Наде Молеровиќ
  3. Жена менаџер на годината – Тања Милисковиќ
  4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Стефанија Зип
  5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Катерина Трајчевска
  6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Наташа Поповиќ
  7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Мери Акиевска
  8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Сибел Бајрам
  9. Жена со најдобар стил – Татјана Алексиќ
  10. Инфлуенсерка на годината – Мери Бајрамовска

 

Целта на изборот „Жена на годината“ е да им се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Магдалена Христова – директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи –  сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч; Мери Шешо Најденовска – oперативна директорка на Monks Agency; Наташа Поповиќ – директорка на НУ Охридско лето; и Моника Ризовска од Ways2Help.

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Пивара Скопје, Империјал Тобако, А1, Халкбанк, КБ Прво пензиско друштво, Кариера.мк, Фабу, Мартимекс, Версаче, Тиквеш, ФитКит, Инекс Олгица, Енерџи Студио, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак, Савекс, Ехо, Музејот на македонската борба за независност и други.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK