Продолжен рокот за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

Продолжен-рокот-за-доставување-на-барања-за-користење-на-средства.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе одлука за продолжување на крајниот рок на јавниот повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2014 – 2020.


Продолжувањето доаѓа на барање на заинтересираните странки кои поради објективни потешкотии не се во можност да ги обезбедат соодветните понуди за планираните инвестиции и со тоа навремено да ги достават потребните документи за користење на финансиската поддршка.

Продолжувањето на рокот согласно одлуката е 15 дена со што крајниот рок за јавниот повик 01/2023 е 03.10.2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK