Предлози за изменување на законот за игри на среќа – евтини политички поени кои се закан за буџетот на Северна Македонија

oblozuvalnica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пендаровски одби да го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со што покажа дека е одговорен политичар. Проблемот со обложувањето на малолетните лица  никаде не е решен преку оддалеченоста од објектите на легалните приредувачи на игри на среќа, што го потврдуваат светските истражувања.

Законската одредба со која би се дефинирала минимална оддалеченост од 500 метри меѓу обложувалниците и образовните институции предизвика голема бура од реакции во јавноста, па сега се враќа во редовна собраниска процедура.


Претседателот на државата Стево Пендаровски, одлучи да не го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри со кој се предвидуваат нови цени на лиценците, како и забрана за работа на 500 метри од училиштата. На овој начин Пендаровски покажа дека е одговорен политичар, бидејќи го спаси буџетот на Македонија од неодговорни поединци.

Имено, странските инвестиции се заштитени со закон, па во случај на тужби од инвеститори, Северна Македонија би морала да плати милионски надомест во арбитража пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови.

Дополнително, проблемот со обложувањето на малолетници, никаде во светот не е решен со оддалеченоста на објектите на легалните приредувачи на игри на среќа. Ова го потврдува канадската студија „Мапирање на распространетоста на проблематичното коцкање и неговата поврзаност со пристапноста и близината на местата за коцкање“, која не открила врска помеѓу постоењето на коцкарски објекти на оддалеченост од 500 метри од училиште и обложувањето на малолетниците во нив. Јасно е дека проблемот се решава исклучиво со забрана за влез во објекти каде се приредуваат игри на среќа и со строга контрола, што е веќе регулирано со закон.

Предложените измени предизвикаа бурни реакции во јавноста, а беа проследени и со коментари дека отвораат пат за бизнис на луѓе блиски или од владејачката ДУИ. Главниот аргумент на Пендаровски беше дека има злоупотреба на европското знаме.

По нападот врз Пендаровски од политичката партија ДУИ, дека со непотпишувањето на законот го штити криминалот, реагираше претседателот и посочи дека ова е првпат Европската унија писмено да реагира да не се злоупотребува европското знаме.

Тој додава дека писмото од ЕУ во кое јасно стои дека не била испочитувана процедурата за донесување на законот, освен до претседателот, е упатено до Владата и до Собранието.

„Со ова писмо треба да бидат запознаени и Артан Груби, како и сите членови на Владата“, рече Пендаровски.

Враќањето на Законот за обложување во парламентот мора да биде во редовна процедура, без европско знаменце. Сосема е јасно дека предложените измени на законот се само уште еден обид за евтини политички поени. Тоа е потег кој не успеа ниту во соседна Србија, а познато е дека проблемот се решава исклучиво со забрана за влез во објекти за игри на среќа и со строга контрола.

ПР Текст

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK