Во првиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), изнесуваат 187.888 милиони денари, што претставува зголемување од 9.012 милиони денари, на квартална основа. Анализата на учеството на потсекторите на ОФИ во вкупните средства на ОФИ покажува најголемо учество од 65,4% на пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,3%.
Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички хартии од вредност , како и вложувања во сопственички хартии од вредност (учество од 51,4% и 24,9%, соодветно). На страната на обврските, најголем дел се однесува на техничките резерви на осигурување и капиталните сметки (учество од 57% и 33,5%, соодветно).
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:
https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2023/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q1_2023_mk.pdf