Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Позначајни-движења-кај-каматните-стапки-на-банките-и-штедилниците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во август таа изнесува 1,55%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити е непроменета на месечно ниво и изнесува 5,49%, извести Народната банка.


Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во второто тримесечје од 2023 година

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на вториот квартал од 2023 година:

На 30.6.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.324 милиони евра (или 30,5% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра, или за 2,9%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%.

Во текот на вториот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 226 милиони евра и изнесува 8.357 милиони евра, што претставува 58,9% од проектираниот БДП за 2023 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK