„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

VISA промо 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.

Во промотивниот период од  1 октомври до 15 ноември годинава, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на 5,9%  за сите плаќања со НЛБ Visa кредитните картичките, овозможувајќи им на клиентите да уживаат поголема удобност при користење на нивните картички во секојдневните купувања.


Намалените каматни стапки се однесуваат за сите безготовински трансакции направени во промотивниот период и ќе се применуваат за целиот период на отплата.

Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои на корисниците им овозможуваат финансиска флексибилност, комоција на одложено плаќање на обврските и самостојно управување на отплатата, со месечна отплата од минимум 5% од вкупните трошоци.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката: https://nlb.mk/.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK