Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија

belgiska investicija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија. Станува збор за белгиската компанија МСИЕ, која во првата фаза планира да вложи над пет милиони евра и да отвори околу 150 работни места.







Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска во Брисел, ја најави новата инвестиција рече дека преговорите со компанијата се завршени доцна вчера и се очекува договорот да биде потпишан за околу еден месец.

Компанијата ги разгледува општините Петровец и Илинден како можни опции за изградба на производствениот капацитет за производство на соларни филмови.

Новата инвестиција, како што најави Бектеши, најверојатно ќе оди преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

– Како Влада ќе продолжиме со ваквите посети со цел да ги презентираме можностите за инвестирање што ги нудиме како држава. Веќе е стабилизирана ситуацијата со енергетската криза и во периодот што следи главниот фокус ќе биде да се привлечат повеќе странски инвестиции и тоа инвестиции кои ќе нудат повеќе работни места за граѓаните и кои ќе донесат нови технологии и вештини, изјави Бектеши.

Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, на двата бизнис форума организирани во Брисел и Антверпен има интерес од белгиските компании кои особено се интересираат за достапноста на висококвалификуваната работна сила, усогласувањето на домашното законодавство со европското и за политичката стабилност во регионот.

– Очекувам дека по средбите во Белгија ќе имаме неколку компании со кои ќе ги продолжиме разговорите во наредните неколку месеци. Очекувам дека и презентираното позитивно искуство на „Ванхол“ и ЕБЕЕ ќе поттикнеме интерес за дополнително вложување, рече Деспотовски.

Со вчерашната инвестиција на белгиската компанија „ABEE“ во рамки на зоните вкупниот обем на склучени инвестиции е близу 300 милиони евра со предвидени пет илјади работни места.

– Ако минатата година беше рекордна по обемот на инвестиции и достигнавме некаде околу 450 милиони евра, мислам дека годинава ако сега сме на 300 милиони евра верувам дека сме на добар пат да ја надминеме оваа бројка и да одиме погоре, рече Деспотовски.

Вчера, во белгиското гратче Нинов беше склучен договорот со белгиската компанија  „ABEE“ која во ТИРЗ Кичево планира да вложи 40 милиони евра и да отвори над 600 работни места. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK