НЛБ го подобри својот ЕСГ рејтинг

esgrt_nlb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали некогаш сте се запрашале каква трага би оставиле зад себе ако вашиот свет денес престане да се врти? Во НЛБ Групацијата, каде наш фокус е создавање на подобар свет, ова прашање си го поставуваме секојдневно. Како една од клучните банкарски и финансиски институции во Југоисточна Европа, ние сме свесни за одговорноста што ја носиме за нашиот матичен регион. Горди сме што нашите напори и нашиот прогрес се препознаени уште еднаш, што се рефлектираше и со подобрениот ЕСГ рејтинг (животна средина, социјала и деловно управување), добиен од една од водечките независни компании за истражување, рангирање и податоци за ЕСГ во светот – Sustainalytics.

Во НЛБ, пред нешто помалку од една година го добивме нашиот прв рејтинг за ЕСГ ризик од Sustainalytics. Веќе следната година, значително го подобривме. Имено, нашата банкарска групација доби нов рејтинг за ЕСГ ризик  од 16,0, а од страна на Sustainalytics беше оценето дека постои низок ризик да доживее материјални, финансиски влијанија од ЕСГ факторите. Така, го подобривме минатогодишниот рејтинг за 1,7 поени, а подобрениот рејтинг нè стави меѓу 13% од најдобрите банки, меѓу сите компании оценети од Sustainalytics.


Ги подобривме нашите одржливи операции најмногу во областа на ЕСГ ризици и можности во целиот финансиски бизнис, човечки ресурси и етички операции. Понатаму, Sustainalytics оценува дека немало активност во Групацијата или во нејзините операции што би имала негативно влијание за акционерите, животната средина или за самото работење. Извештајот може да го најдете овде.

Одржливоста не е само обичен збор кој треба да се сфати лежерно. Напротив тоа е многу сериозен и напорен процес, континуиран и навистина долгорочен. Изграден е од мали чекори и промени кои може да изгледаат безначајни поединечно, но кога се гледаат како целина, тие се спојуваат во едно големо, незапирливо движење. И ова е всушност уште поважно од самиот рејтинг за ризик, иако ние, се разбира, сме исклучително горди, бидејќи тоа е резултат на нашите напори и евалуацијата на независни и светски познати експерти. И последно, но не и помалку важно, тоа е и мотивација за нас и поттик за сите засегнати страни да продолжат да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности“, рече извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак по добивањето на новата проценка на ЕСГ ризикот.

Рејтингот за ESG ризик, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на оценката на работата на компанијата, фондот или перформансите на акциите, само што овде фокусот е на исполнувањето на стандардите за животна средина (E), социјала (S) и деловно управување (G), наместо на кредитната способност. Во финансискиот свет, овој рејтинг станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и врз нејзина основа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. Пред една година НЛБ беше првата банка во Југоисточна Европа која го доби овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK