Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

nikolovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во вторник Владата ќе расправа дали постапката на набавка на пченица на Агенцијата за стокови резерви ќе биде поништена или ќе бидат сменети критериумите и наместо еден лот од 15 илјади тони, ќе има пет лота од по три илјади тони.







– Министерството за земјоделство побара од Владата, а вчера и лично на Комисијата за економски систем побарав, оваа постапка да се стопира или да се одложи со цел да не се набавува во еден лот 15 илјади тони и притоа да немаме гаранција дека тоа е од домашна пченица, туку да се реформулира оваа набавка и да се адаптира на начин со којшто ќе им овозможиме домашните производители да ја предадат пченицата преку оваа интервентна набавка што ја прави Агенцијата за стокови резерви, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Во вторник, како што најави, ќе информираат дали постапката ќе биде поништена и ќе биде распишана повторно или ќе биде продолжена постапката, но со сменети критериуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK