Николовски: Брза и навремена исплата, мотивирани земјоделци и зголемен извоз на земјоделски производи, се резултатите од новиот модел за субвенционирање

ljupco-nikolovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо. Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна исплата на субвенциите“, рече министертот Љупчо Николовски.


„До сега, преку новиот модел за субвецнионирање, авансна субвенција е исплатена кон сите земјоделци. Аванса субвенција добија лозарите, овоштарите, градинарите, полјоделците и сточарите. Со новиот модел за субвенционирање си поставивме неколку цели. Најпрво да ги насочиме земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а за тоа да добијат дополнителна поддршка. Земјоделците ги мотивираме и поддржуваме да користат сертифициани семенски матерјали и ѓубрива, да остварат поголем принос и да своето производство го предадат во домашните преработувачки капацитети, или пак истото да го искористат за сопствени потреби.

Преку новиот модел основна, директна субвенција за одржување на површините добиваат сите земјоделци, за сите култури. Додека пак, дополнителна субвениција добиваат земјоделците, што произведуваат култура од листата на значајни култури, оствариле зголемено производство и истото го продале на пазар, искористиле за сопствени потреби, или предале во преработувачки капацитети“, истакна министерот Николовски.

„Ваквата новина во субвенционирањето на оствареното производство кое главно завршува во домашните откупни, преработувачки и кланични капацитети од една страна се истиснува сивата економија, а од друга страна создаваме услови за развој на домашната економија, преку користење на основните земјоделски производи за добивање на производи со додадена економска вредност, кои освен што ја збогатуваат лепезата на домашни производи на македонскиот пазар туку и имаат голем извозен потенцијал.

Направените анализи по завршување на аплицирањето за дополнителни субвенции во декември 2023 година, покажаа дека 8.061 земјоделеци, немаат поднесено барање по овие дополнителни мерки.

Затоа веднаш реагираме и на овие земјоделци ќе им биде дадена уште една можност, дополнително да го искористат оваа право и да поднесат барање, со тоа што ќе направиме дополнителна мерка во програмата за 2024 година, каде ќе добијат уште една шанса да го пријават своето производствово градинарство, лозарство и овоштарство и ги добијат дополнителните субвенции“, изјави министерот Николовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK