Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика


7458.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп.


„Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп. Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година“, изјави Николоски.

Тој, исто така, кажа дека преку разни програми, Министерството за транспорт инвестира над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој.

Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината.

„Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти. ​Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти“, рече Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK