Николоски: Инвестираме преку 5, 56 милиони евра во изградба на булевари, улици и комунална мрежа во Струга


nikoloski-struga.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга.


Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт.

„Денеска имавме работен состанок со градоначалникот каде што утврдивме приоритети во следниот период. Преку Министерството за транспорт се гради булеварот „Туристичка” во вредност од 175 милиони денари. Понатаму, преку Министерството за транспорт исто така се гради улицата „Источно Колекторска” која се спојува со улицата „Туристичка“. Исто така, во соработка со Светска банка имаме проект кај Езерски лозја, кој што се финализира и за кој што денеска добивме уверување од Изведувачот дека до крајот на следната недела целокупно ќе бидат завршени работите и дека ќе може да биде пуштен во употреба.

Со поддршка на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање се работат неколку канализациони системи. Се работи канализационен систем во Враништа за кој што зборувавме денеска и каде што ќе се обидеме заедно со министерот да најдеме можност да се доврши целиот проект — се работи за дополнителни 700 метри мрежа и ако можеме да додадеме уште еден километар. А исто така зборувавме за еден нов проект, тоа е практично местото на кое што сме, а тоа е улица Колекторска да продолжи до магистралниот пат којшто води од Струга до Охрид и кај Мислешево да се направи еден поголем кружен тек како би се намалиле сообраќајните несреќи” – изјави Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK