Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите

Народната-банка-објавува-повик-за-пријавување-трудови-за-50-сесија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 50. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 28 март 2024 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 13 март 2024 година (среда).


Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK