Причина за недоразбирање за наплатата на надоместот за пристап до мрежата кај корисниците се различните читачки групи, кои опфаќаат различен период за пресметка на потрошената електрична енергија. Односно за некои потрошувачи почеток на отчитувачкиот период е 1 во месецот, додека кај другите е 15 во месецот.
Затоа Регулаторната комисија за енергетика излезе со одлука овој надомест да не се наплатува во сметките за јануари, што корисниците ќе ги добијат во февруари годинава, додека во следната сметка овој надомест од 200 денари ќе биде изразен.
Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски истакна дела оваа овој надомест е правилно аплициран од страна на ЕВН во сметките.
„Компанијата ЕВН постапила согласно одлуката на Регулаторна бидејќи има период на отчитување во декември и има во јануари. Од 15 декември до 31 декември се едни цени и од 1 јануари до 15 јануари се други цени. Граѓаните треба да си го искористат намалувањето на првиот блок. Од тие причини, фактурите се според нашите одлуки“, истакна тој.
Причината за одлуката во сметките за јануари да не се наплаќа овој износ е донесена да не се создава фама дека некој прави екстра профит, потенцира првиот регулатор. Во новите сметки за месец јануари 2024 година, пресметките ќе бидат според последната одлука со која цените за првиот блок е намалена за 5,16 %, а беше вратена и ефтината тарифа