МКА 2000 се вклучува во европските текови на менаџмент консалтинг

IMG_5366
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџмент консалтинг асоцијацијата МКА 2000, во текот на минатата недела, организираше и учествуваше на настани поврзани со промоција на менаџмент консалтингот и советувањето. Консултантската професија, до 2030 година, ќе се фокусира на зелени и одржливи решенија, дигитализација и вештачка интелигенција, поблиска соработка на светско ниво меѓу консултантите, градење партнерства со останатите мрежи на советници (коучи, обучувачи, сметководители) и поголема транспарентност и поддршка на младите идни консултанти.

Претседателот на МКА 2000, Глигор Михаиловски, исто така, по повод Светскиот ден на консултантите учествуваше на Самитот на Европскиот хаб како дел од Меѓународниот совет на менаџмент консалтинг институти во Софија, Бугарија. На самитот се дефинираше новата стратегија за промоција на менаџмент консалтингот во Европа. На маргините од самитот беше продлабочена соработката со менаџмент консалтинг институтите од Србија и Бугарија. Исто така, нашата земја беше поканета да се вклучи во иницијативата за промоција на Идни лидери консултанти и развој на новата 2030 стратегија за менаџмент консалтингот во Европа.


„Го прославуваме Денот на консултантите, кој веќе 19 години се организира во рамки на нашата светска асоцијација. Целта е да промовираме квалитет и стандард во нашата (менаџмент) консултантска професија, да ги информираме нашите клиенти од јавниот и приватниот сектор за вештините со кои располагаме. Истовремено, целта на овој традиционален настан е да отвориме врата за членство во МКА 2000 и на останати домашни и странски консултанти активни во земјата за успешно вмрежување, застапување и наоѓање консултантски можности“, објасни Михаиловски.

Во просториите на Клубот на новинари во Скопје беше организиран традиционален Форум на консултантите, во организација на МКА 2000, со учество на консултантите и консултантките од земјава. Форумот се состоеше од 3 посебни сесии. Првата сесија „Што значи да се биде менаџмент консултант“, предводена од почесниот претседател на МКА 2000, Љубомир Трајковски, предизвика дебата за дефиницијата на менаџмент консултант/ка. Втората сесија „Зошто да се стекнеме со врвниот сертификат за менаџмент консултант, CMC®” беше предводена од вториот почесен претседател на МКА 2000, Ристо Иванов. Последната, но не помалку важна сесија, со наслов „Како да се биде жена консултант/ка“ беше фасилитирана од консултантката Македонка Димитрова.

Според Михаиловски, МКА 2000, која денес брои над 40 члена, е во подем, препозната е од државата и донаторите, но се уште остануваат бројни предизвици: цената на консултантскиот ден, зголемување на бројот на сертифицирани менаџмент консултанти и постабилна соработка со државата и приватниот сектор“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK