Министерката за финансии на САД предупредува: Со вештачката интелигенција ќе настане колапс

vestacka-inteligencija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги предупредува банкарите и технолошките директори дека употребата на вештачката интелигенција (AI) во областа на финансиите, покрај неспорните придобивки, носи и значителни ризици.


Според „Си-ен-ен“, кој имал пристап до овие белешки, Јелен истакнува дека инвеститорите веќе користат вештачка интелигенција за управување со портфолиото и како алатка за да помогнат во предвидувањето на идните движења на пазарот.

Покрај тоа, вештачката интелигенција е корисна и за банките кои ја користат за борба против измами и за поддршка на клиентите.

Американската министерка за финансии, сепак, укажува на опасноста од ситуација во која многу учесници на пазарот се потпираат на истите податоци и модели.

Со други зборови, ако многу инвеститори се потпираат на алатки кои го даваат истиот исход, тоа може да предизвика метеж и стагнација на пазарот.

Јелен го нагласи и „ризикот од концентрација“ што произлегува од фактот што само неколку компании во светот произведуваат модели со вештачка интелигенција. Ако некој од нив падне, ќе погоди многу компании од „Волстрит“.

„Моделите со вештачка интелигенција понекогаш можат да донесат пристрасни одлуки, што може да биде голем проблем во реалниот свет, особено кога станува збор, на пример, за донесување финансиски одлуки за заем“, заклучува Јелен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK