Мерките за замрзнати цени ќе важат до крајот на февруари, од 20 отсто инфлација за храна и пијалоци дојдовме до 0.1 отсто, рече Бектеши

Мерките-за-замрзнати-цени-ќе-важат-до-крајот-на-февруари.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мерката пакет за замрзнати цени ќе важат до крајот на февруари. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши и рече дека ќе предложат до Собранието ново законско решение за нефер трговски практики кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ со цел да не се дава можност за злоупотреба од страна на трговците.

„Јас мислам дека е најдобро да се погледнат извештаите за заводот за статистика и тоа што го почувствувале потрошувачите во нашата  држава. Во истииот период минатата година имавме над 20 отсто инфлација во делот на храната и 14 отсто за алкохолните и безалкохолните пијалоци, а денеска зборуваме за инфлација од о.1 отсто во делот на храната и пијалоците и вкупна инфлација во нашата држава која веќе е стабилизирана од не повеќе од 3.5 отсто. Затоа и одлучивме да ја продолжиме мерката до крајот на февруари со цел да им се даде простор на собранието да можат да го усвојат новото законско решение за нефер трговски практики“, рече Бектеши.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29. февруари 2024 година, наместо до 31. јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK