Мелон Солушнс – 20 години иновативни финансиски услуги на домашниот пазар

melon_1231223
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мелон Солушнс одбележа 20 години работа на македонскиот пазар. Формирана како подружница на Мелон Технолоџис и дел од на меѓународната  групација Мелон, Мелон Солушнс се етаблира на локалниот пазар со доминантната улога во воведување и рационализирана имплементација на иновативни технологии во финансискиот сектор. Комбинирајќи го меѓународното знаење со локалното искуство, Мелон Солушнс им помага на компаниите да ги олеснуваат и трансформираат трансакциите и интеракциите со други бизниси односно крајните корисници и со тоа им помага на своите клиенти да остварат брз раст со ниски оперативни трошоци.

„Изминативе дваесет години Мелон Солушнс го дефинираше патот за примена на иновативните технолошки алатки во финансиските дејности на локалниот пазар. Работејќи во сектор што е многу специфичен, конкретен, динамичен и флуктуирачки, со нашата експертиза и решенија, воведовме новини во индустријата но и создадовме ефективни решенија и дополнителна вредност за нашите клиенти. Покажавме дека трансакциите и интеракциите може да понудат и други експанзивни можности создавајќи цел еден систем на деловна ефективност. Денеска сме доверлив бизнис партнер кој им овозможува на клиентите да ги трансформираат своите деловни екосистеми и да го зајакнат своето дигитално присуство со минимални оперативни инвестиции. Да се биде дел од и со својата експертиза, да се даде придонес кон зацврстувањето и растот на овие компании и институции, за нас е најголемата вредност и признание“, истакна Викторија Нестороска, директор на Мелон Солушнс во Македонија.



Капитализирајќи го искуството на домашниот пазар, Мелон Солушнс нуди широк спектар приспособени и наменски деловни решенија кои што во целост и успешно создаваат трајна вредност во повеќе индустрии, големи банкарски и финансиски институции, телекомуникациски компании, малопродажба, осигурителни компании.  Континуираното проширување на областите каде ги нуди своите услуги е резултат на стручното знаење, докажаните способности и непроценливо меѓународно искуство.

Меѓународното реноме на Групацијата Мелон се должи на посветената работа на над 6 000 вработени во 11 земји и на соработката со над 70 000 клиенти. Успехот на групацијата се темели на сеопфатните решенија и услуги на групацијата, кои придонесуваат за поедноставување на сложените деловни процеси во  финансискиот сектор и за решавање на технолошките и деловните предизвици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK