Скопје 22.09.2023 г – Во рамките на 43-от Сабор на Сојузот на геодети на Србија, кој се оддржа во периодот од 15-ти до 17-ти септември 2023 година во Брзече, во подножјето на планината Копаоник, Р.Србија, на свечен чин претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, м-р Никола Рибароски, дипл.геод.инж. и домаќинот на настанот, претседателот на Сојузот на геодети на Србија, Доц. Д-р. Младен Шошкиќ, дипл.геод.инж. потпишаа Меморандум за соработка, со којшто беа поставени темелите за поттикнување и иницирање на активности за соработка на различни начини од областа на работа на овие две институции.
,,Потпишувањето на овој меморандум е од особено значење за постигнувањето на заедничките интереси преку меѓусебна соработка и континуирана активност и координација помеѓу професионалните и стручни тимови во постапките за изготвување на нацрт-прописите за развој на геодетската професија во двете републики, со меѓусебна размена на информации, искуства и користење најдобри практики преку поттикнување на вмрежување на геодетски стручни лица и геодетски компании заради заеднички настап за реализација на различни проекти на пазарите на Р. Србија и Р. Северна Македонија. Со едукативни активности преку организирање на стручни состаноци, консултации, семинари,заеднички проекти за членките на институциите потписнички.
Меморандумот не го огрничува , туку само ги усмерува сферите на заедничките интереси и создава амбиент за негова реализација.
Посебно ме радува што меѓусебната соработка, преку примената на овој Меморандум од страна на двете страни потписнички на документот, ќе се одвива и реализира професионално во духот на добрата деловна и меѓународна соработка,, изјави на настанот Доц.др.Младен Шошкиќ, претседател на Сојузот на геодети на Србија.
,,Да се потпише Меморандум за соработка со единствената организација од Република Србија е многу значајно за нас како професионалци во геодетската сфера, но и можност за соработка со сите геодетски стучни лица и сите геодетски компании од р.Србија. Овој меморандум помеѓу останатото, предвидува поттикнување за вмережување на геодетските стручни лица и на геодетските компании од двете земји со цел размена на искуства, техника и технологија, користење на најдобри практики, како и заеднички настапи за реализација на различни проекти на пазарите во Република Србија и Република С. Македонија. Исто така, претставува поттикнување на процесот за слободен пристап на двата пазари на труд, преку изедначување и меѓусебно признавање на сите видови лиценци и овластувања, коишто им се потребни за работа на стручните лица и геодетските организации и друштва од двете земји,, изјави г-дин м-р Никола Рибароски, дипл.геод.инж., претседател на Комората на ТД за геодетски работи на Р.Македонија .
Комората на трговски друштва за геодетски работи е воспоставена во 2008 година како професионална, независна и непрофитна организација со јавни овластувања, коишто се однесуваат на постапката за стекнување на лиценца за вршење на оперативно – теренски работи на правните лица што ги исполнуваат условите за работа како неопходен сервис во најразлични области поврзани со решавање на сопственоста на земјиштето, но и општо на недвижниот имот. Во неа членуваат околу 136 правни лица. Комората од 2019 година е дел од Сојузот на Стопански Комори, кој претставува значаен фактор и водечка сила на обединетите мали и средни претпријатија. Исто така, Комората е полноправна членка на Европскиот Совет на геодети (CLGE).
Како единствена организација, којашто ги обединува приватните гоедетски компании во државата, Комората на трговски друштва за геодетски работи на Република Македонија, максимално е посветена за подобрување на условите за работа на своите членки, но и за развој и просперитет на севкупната дејнос. Исто така, интензивно работи на воспоставување бизнис контакти за соработка со најразлчни домашни и странски институции, преку кои ги јакне нејзините капацитети со цел надминување на предизвиците со кои се соочува дејноста.