Во петокот беа отворени понудите на тендерот за универзален снабдувач, што го распиша Владата. На тендерот пристигнаа 3 понуди, односно ЕВН Македонија во конзорциум со ЕВН електро снабдување понудија маржа од 11,4 %, а истата понудена маржа пристигна и од ЕСМ продажба, додека конзорциумот составен од грчката ЕДС и Ман Интертрејд понудија 11,45 % маржа.
Сега Владата треба да ги разгледа понудите и да процени дали сите ги исполнуваат условите од тендерот, на кој се бараше компанијата или конзорциумот да има остварено позитивни финансиски резултати во последните три години, работен капитал до 40 милиони евра и инструменти за плаќање кон операторите на системот и учесници на пазарот на електрична енергија.
Продолжете со читање на centar.mk