Како поврзаноста во Samsung-екосистемот ви го олеснува и поедноставува животот?

116_Galaxy_fold5_flip5_product_icy_blueocean_grean_LI.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес на пазарот на мобилни телефони, Samsung нуди исклучително развиен екосистем кај своите производи, кој ви носи бројни предности. Заедно со паметниот телефон, кој денес е незаменлив придружник секому, Samsung нуди и палета други уреди кои меѓусебе поврзани сочинуваат хармоничен екосистем.



Неодамна беше лансирана најновата линија уреди на Galaxy чии што перформанси, иновации и неодолив дизајн веднаш ги освоија срцата на вљубениците во модерните технологии: Новите телефони на преклоп од серијата Galaxy Z ги надминаа очекувањата претставувајќи ги своите Galaxy Z Flip5 со досега најголем надворешен екран на флип телефон, и  Galaxy Z Fold5 најлесниот и најкомпактниот Galaxy фолд досега; новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic овојпат доаѓаат со уште понапредни функции во поглед на вашата физичка благосостојба и здравје; новата серија Galaxy Tab S9 која поставува нови стандарди за врвни таблети со своите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra. И сите овие уреди, заедно со веќе познатите слушалки Galaxy Buds2 Pro, можат да функционираат поврзани во еден екосистем, кој значително ќе ви го олесни секојдневниот живот во поглед на обврските, а ќе ви ја зголеми и забавата.

Уредите поврзани како еден

Замислете ситуација во која додека скролате на социјалните мрежи со вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 , налетувате на омиленото видео на YouTube или трејлер за филмот кој нетрпеливо го очекувате. Секако дека сакате да го изгледате на поголем екран и го земате вашиот таблет, а  бидејќи вашиот телефон е поврзан со таблетот, потребно е само да го вклучите, да ја одберете неодамна користената апликација YouTube и за да започнете со гледањето. Видеото кое штотуку започна на вашиот паметен телефон, ќе продолжи веднаш да се репродуцира на 14,6-инчниот AMOLED екран со висока резолуција, прикажувајќи ви чисти и јасни детали со широк спектар живописни бои благодарение на сликите подобрени со HDR10+ и непреченото лизгање до 120 Hz на вашиот Galaxy Tab S9 Ultra. Истото важи и во спротивната насока – ако започнете да гледате видео, серија или филм на вашиот таблет, исто току лесно можете да се префрлите со гледање на вашиот Samsung Galaxy телефон.  Континуитетот на апликациите работи помеѓу уредите во Galaxy екосистемоти и со други важни апликации. Започнете сесија за купување преку интернет на вашиот веб пребарувач на еден уред, а завршете ја непречено и брзо на друг. Исто така, белешките или идеите што ги запишувате со S Pen пенкалото на вашиот Galaxy Z Fold5, можете уште полесно да продолжите да ги впишувате на екранот на поврзаниот таблет од серијата Galaxy Tab S9.

Автоматско префрлување

Уживајте во мултимедијата на телефоните Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5 или таблетот Galaxy Tab S9 на уште повисоко ниво со безжичните слушалки Galaxy Buds2 Pro, кои нудат одличен 24 битен Hi-Fi звук, ANC со 3 микрофони со висок SNR за поинтензивно сузбивање на надворешниот шум, со аудио 360 кое ве опкружува како да сте таму. Лесно ќе ги спарите слушалките со вашиот телефон и таблет, со тоа што тие автоматски се појавуваат на вашите уреди, а за поврзување потребен е само еден допир. Ако со слушалките гледате Netflix или било која друга содржина, и добиете дојдовен повик, Galaxy Bud2 Pro веднаш ќе се префрлат на вашиот телефон, а видеото автоматски ќе се паузира. Откако ќе завршите со телефонскиот разговор, слушалките сами се поврзуваат со таблетот и продолжувате со гледање онаму каде што застанавте. Исто така, можете и да пренесувате огромни датотеки од вашиот телефон во вашиот таблет за еден миг со Quick Share.

Следете го здравјето на часовникот, гледајте ја „поголемата слика“ на телефонот

Новите паметни часовници Galaxy Watch6  и Galaxy Watch6 Classic се феноменални да бидат верен показател на важни параметри за вашето здравје, да го следат и анализираат вашиот сон низ фазите на спиење, да бидат ваш тренер при физичките активности, да предлагаат совети како да си ги остварите зададените цели за постигнување благосостојба, да ја одредат вашата персонализирана зона на срцебиење според вашиот физички капацитет и др. Кога поврзан со вашиот телефон преку апликацијата Samsung Health, часовникот сите податоци ќе ги префрли на телефонот каде попрегледно ќе можете да имате увид во напредокот и полесно да ги планирате следните чекори.

Со часовникот исто така можете од далечина и да фотографирате – само поврзете го со вашиот Galaxy Z Fold5 и од вашиот зглоб ќе можете да зголемувате или намалувате и со еден допир на часовникот да сликате. И секако, од вашиот зглоб да праќате пораки, да примате и остварувате повици – исто како да го правите тоа од телефонот со кој вашиот часовник е поврзан.

Моќта на поврзаноста на Samsung екосистемот е создадена да ви го олесни животот во многу сегменти, да ви го поедностави секојдневието, а кога станува збор за забава – да ви овозможи врвно искуство на своите уреди.

Достапност на новите Galaxy уреди:

Неодамна лансираната најнова линија на Galaxy уреди која ги вклучува новите телефони на преклоп Galaxy Z Flip5 и  Galaxy Z Fold5, часовниците Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic, и таблетите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra, е достапна во Македонија од 11 август 2023.

Повеќе информации за производите од Samsung екосистемот прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

ПР Текст

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK