Италија планира да го продаде вишокот увезен африкански гас на своите соседи

Италија-планира-да-го-продаде-вишокот-увезен-африкански-гас-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италија планира да ја прошири својата гасоводна мрежа за да го продаде вишокот увезен африкански гас на своите соседи во Германија и Австрија, а исто така се подготвува да ја прилагоди транспортната инфраструктура на водород.

Владата на Џорџа Мелони изнесе планови според кои Италија треба да стане енергетска точка на контакт меѓу Европа и Африка и да капитализира од барањата на нејзините европски соседи и нивните напори да ја намалат зависноста од рускиот гас.

Најголемиот италијански увозник на природен гас „Ени“ го компензира намаленото снабдување од Русија со зголемен увоз на гас од Африка, каде што работи со децении, и има намера да го продаде вишокот на други европски земји, заедно со други италијански увозници.

Операторот на гасната мрежа „Снам“ планира да го изгради гасоводот Јадранска линија до 2027 година, а италијанскиот министер за енергетика Жилберто Пичето Фратин гледа можни идни клиенти во Австрија и германската сојузна покраина Баварија, како и во Унгарија.

Проектот се очекува да го зголеми капацитетот за транспорт на гас од јужна Италија во рок од четири години на околу 10 милијарди кубни метри годишно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK