Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2024 година, во однос на април 2024 година изнесува 0.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3.1 %, рекреација и култура за 2.1 %, транспорт за 1.9 %, облека и обувки за 1.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.0 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0.1 %.
Во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата комуникации за 0.3 отсто.
Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 101.3.
Индексот на трошоците на животот во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.8 %.