Индустриското производство во мај годинава, во однос на мај лани, е зголемено за 6.1 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со минатата година растото изнесува еден процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во
однос на мај 2022 година, бележи пораст од 8.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.3 %,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи
и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и
уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на
мебел.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи
пораст кај Енергија за 2.7 %, Капитални производи за 7.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи,
освен енергија за 5.7 %