Германија го одобри намалувањето на данокот на горивото за 17 центи, со што од 1 мај се очекува полн резервоар да биде поевтин за околу 10 евра.
Мерката е донесена по наглиот раст на цените поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
Иако владата очекува олеснување за граѓаните, опозицијата и економистите предупредуваат дека ова може да ја зголеми потрошувачката и да ја влоши ситуацијата со недостиг на гориво.
Потрошувачките организации стравуваат дека намалувањето нема целосно да се пренесе на граѓаните, туку ќе профитираат нафтените компании, па бараат строга контрола на цените.