Геодетската комора бара – Фокус на развој, стандарди и современа технологија, наместо системски пречки

Slika 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжувајќи го концептот на промоција на активности во насока на поддршка на компаниите, најавуваме уште една новина, а тоа е делувањето на Комората на трговски друштва за геодетски работи во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, за што беше склучен договор за соработка меѓу двете Комори.

Геодетската дејност е нераскинлив дел од секојдневното функционирање и одржливиот развој на секое општество во целина и имајќи го во предвид ова, компаниите кои ја обавуваат оваа дејност во изминативе 20-тина години во делот на реализација на урбанистични планови, експропријација, приватизација на градежно земјиште, легализација на бесправно изградени објекти и друго, покажаа дека имаат суштинска улога во граѓанските постапки, стопанството и воопшто во самото општество, а воедно ја докажаа својата подготвеност за одговор на поставените предизвици.


Од тој аспект со задоволство и целосно ќе ја поддржиме геодетската комора, во нивните напори за унапредување на приватниот сектор од геодетската област и професијата воопшто, каде катастарот, сигурноста на имотите, геодезијата, слободниот пазар, имплементацијата на европските политики за отворени и бесплатни софтвери и стандарди од областа на геодезијата, ќе бидат главни стратешки цели на заедничкото делување потенцираше м-р Антони Пешев – извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија.

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски истакна дека поради јавните овластувања кои ги има во согласност со Законот, а кои во моментов незаконски и се одземени, ќе продолжи да делува како независна, но од денес и под чадорот на Стопанската Комора. Соработката со Комора која ја официјализираме денеска, ќе биде во насока на поддршка на нашите заложби да обезбедиме за компаниите кои се дел од Геодетската комора соодветен деловен амбиент преку кој ќе се обидеме да ја истакнеме важноста на конструктивниот јавно-приватен дијалог.

Главните и суштинските заложби и цели на нашата Комора, се однесуваат на штитењето на интересот на своите членки во целост, а не на туѓите и лични интереси на поединци, понатаму нивна подрршка со цел зголемување на нивните стручни и економски капацитети преку имплементирање на светски современи стандарди од областа на геоинформациите и користењето на современата технологија, за уште поголема конкурентост во водењето и имплементирањето на круцијалните проекти од државен интерес, но и на различни меѓународни проекти. За тоа Комората ќе го продолжи своето членување во различни меѓународни стручни организации, а ќе ја продолжи и одлично воспоставената пракса за воспоставување на контакти, градење пријатество и конкретни чекори за соработка со многу домашни и меѓународни иснтитуции.

Ја користам оваа прилика, да ве информирам дека после 4 годишна сага, Владата е во процес на донесување или измена на тарифникот за нашите услуги, кој оваа година навршува 10 години од неговото донесување, и повикуваме овој процес да биде завршен во најкус можен рок, бидејќи истиот е усвоен од страна на Управниот Одбор на Агенцијата за катастар, а во овој момент за истиот во неколку владини иституции се дава на мислење, но сметаме дека сето тоа трае предолго, а во меѓувреме се прават обиди за различни симулирања, преку измени на постојниот Тарифник.

За крај, ние сме убедени дека со помош и поддршка на Стопанската комора на Северна Македонија сите овие наши цели во целост ќе ги оствариме, а проблемите како што реков во многу скора идина ќе останат зад нас – посочи Рибароски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK