„Гарантирана цена“- од среда сите производи кои ќе имаат намалена цена ќе имаат ознака, појасни Бектеши

„Гарантирана-цена-од-среда-сите-производи-кои-ќе-имаат-намалена.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека сите анализи за поевтинување на производите се направени. Појасни дека идејата е производите кои ќе бидат опфатени со мерката да бидат обележани, за граѓаните полесно да ги препознаат.


Владата утре на седница ќе ја утврди листата на производи кои од среда ќе се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 25 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа, намалени за минус 10 отсто, истакна Бектеши.

Владата ги повикува компаниите, како што рече тој, до среда сами да предложат цени на артикли кои би се намалиле за 10%.

Од среда пазарен инспекторат ќе ги контролира трговците, а на располагање како што рече Бектеши ќе има и нова мерка, односно ќе може да се изрече и забрана за работење, а не како претходно парична казна.

„Ги повикувам производителите и диструбутерите кои не се наоѓаат на листата, доброволно да се пријават за намалување на цените, односно да не се почувствуваат дискриминирани, да се пријават нивните производи да имаат ознака „гарантирана цена“. Јас утре ќе имам разговори со производителите и диструбутерите на алкохолни и безалкохолни пијалоци и чекам позитивен фидбек за да се намалат и нивните цени до 30 ноември. Има интерес од одредени компании во вакво кризно време да станат општествено одговорни компании и да им излезат во пресрет на граѓаните“, изјави Бектеши и најави казни за злоупотреби согласно Законот за трговија и Законот за потрошувачи.

Најави и измени во делот на акциите кои можат да ги прават маркетите. Тој објасни дека ќе бидат дозволени акции на производи заради уште пониски цени од гарантираната. Но, ако има акција заради истек на рокот на некој производ, тоа јасно мора да им биде нагласено на потрошувачите за да не бидат доведени во заблуда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK