ЕСМ доставила до ЕВН Хоум понуда од 53 евра за мегават час електрична енергија

struja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

АД ЕСМ доставила до ЕВН Хоум како универзален снабдувач, понуда за купопродажна цена на електричната енергија од 53 евра за мегават час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини.

– Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас, информираа од ЕВН Хоум.


За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Од ЕВН Хоум информираа дека понуда на тендерот пристигнала само од АД ЕСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK