Економистите со предупредување за Германија: „Недостигот од работници е голем, ова е сериозно“

Економистите-со-предупредување-за-Германија-„Недостигот-од-работници-е-голем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Недостигот на работна сила и преминот кон обновливи извори на енергија долгорочно ќе биде товар за германската економија, предупреди шефот на економскиот институт „Ifo“, оценувајќи дека цената на струјата во Германија во иднина ќе биде повисока отколку во другите земји. Германската економија во иднина ќе расте побавно, предупреди Клеменс Фуест во интервју за новинската агенција „DPA“.


„Недостатокот во снабдувањето со електрична енергија во Германија беше грешка“, рече Фуест, мислејќи на затворањето на нуклеарните централи и намаленото снабдување со руски гас поради војната во Украина. Хемиските компании се почесто предупредуваат дека поради високите трошоци за енергија може да бидат принудени да преселат дел од своето производство во странство.

„Овие планови треба да се сфатат сериозно“, рече Фуест, додавајќи дека подоброто снабдување со енергија ќе го ублажи проблемот. Тој, сепак, смета дека владата не треба да ги ограничува цените на струјата. „Очекувам дека цената на струјата во Германија во иднина да биде повисока отколку во другите земји“, рече Фуест.

Според него, најголем товар за економијата е недостигот на работна сила во многу сектори, што ќе го попречи растот во наредните години. Можни решенија се новиот закон за привлекување на квалификувана работна сила од странство и подобрена грижа за децата, предлага тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK