Доколку има потреба, ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените, вели Бектеши

Доколку-има-потреба-ќе-се-продолжи-мерката-за-замрзнување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Според министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард.

Во случај, како што рече Бектеши, одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе биде продолжена, туку ќе ги зајакнат и инспекциските капацитети.

Подвлече дека доколку има потреба, ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари.

Сето тоа, како што појанси, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава.

„Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби“, рече Бектеши.

На прашање зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.

„Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза“, рече Бектеши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK