Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали со 10 милиони денари од МЗШВ

mzsv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За 67локални манифестации, саеми и фестивали денеска беа доделени договори за финансиска поддршка од Министерството за земјоделство и шумарство.







Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информираше дека за оваа финасиска поддршка се одвоени 10 милиони денари. Тој на доделувањето на договорите изрази задоволство што оваа година се опфатени поголем број локални настани кои се со промотивен карактер и со силни пораки за зачувување на традицијата, локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство, автохтоните раси, екологијата и природните убавини.

-Дури 67 локални настани со финансиска поддршка од министерството, наспроти 49 во 2022. Ова ме прави среќен, ми потврдува дека кога се има стратегија и добри мерки, кога се креираат добри политики за развој, тогаш луѓето кои сакаат да работат го искажуваат целиот свој потенцијал. Затоа оваа година имаме зголемување за 18 нови локални манифестации, кои за прв пат ќе се одржат со наша поддршка. Нова можност за речиси сите општини во државава, рече Николовски.

Министерот соопшти дека поддршка добиле и жените фармери, дека ќе биде промовирано и Мариово како „Оаза за органска храна“, а оваа година ќе има и „Вино на штикли“.

-Сето ова ќе придонесе за поголема туристичка посетеност, афирмација на нашата држава и промоција на познати и непознати дестинации идеални за рурален туризам, а ги имаме многу, оцени Николовски.

Додаде дека изминатите години преку ваквата поддршка биле изградени многу брендови, односно добро познати манифестации, а како приемер ги посочи „Поречки фармер“, „Кратовска компиријада“, „Вкусот на Буково“, „Тиквешки Вински салон“, „Валандовска ракијада“, „Преспански јаболкобер“, „Ден на млекото“, „Ден на празот“, „Денови на медот“ и многу други.

-Сите тие се исти, а истовремено и различни. Ја слават храната- она што ни е дар од природата, ја слават традицијата – она што ни е наследство од нашите баби и дедовци, го слават животот- она што ни е дар од Бога. За да остане запишано во нашата колективна меморија, во нашите гени, дека животот под ова сонце е привилегија, рече Николовски.

Посочи дека министерството ги поддржува малите производители, се грижи за создавање на домашни брендови кои преку ваквите настани на истите им е овозможена промоција.

Потсети дека руралните жени добиваат постојана поддршка, а за првпат имаат можност она што го произведуваат да прерасне во бизнис кој ќе придонесе за економијата на државата.

-Руралните жени, конечно добија можност, она што го произведуваат по рецепти наследувани од генерација на генерација, да го преточат во вкусни ајвари, џемови, слатка, маџун, масла, сирење, мед, путер и многу други производи кои сега легално ги продаваат и придонесуваат кон домашната економија. На пример, нашиот ајвар оваа година достигна рекорден извоз. Затоа, упатувам порака до сите вас, останете посветени на своите идеи, а ние ќе бидеме тука за да ги постигнете целите, а потоа заедно ќе се радуваме на сите нови успеси, порача министерот.

Истакна дека локалните манифестации носат голема одговорност, а тоа е да бидат самоодржливи, да имаат висок позитивен импакт врз пошироката јавност, да допрат до целната група на локални производители и силно да ги промовираат културата и традиционални вредности.

Ѕвонко Херцег во име на Македонска асоцијација на сомелиери – Масом Декандер ја истакна важноста на соработката меѓу сите сектори

Со поддршка на МЗШВ првпат ќе се одржат нови настани, меѓу кои и „Macedonian spirit festival“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK