Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

geely_008
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со потврдени 84 продадени возила за само 2 месеци, уште пред официјалното лансирање, Geely моделите на македонскиот пазар станаа еден од најбрзо-растечките авто-брендови во Македонија.







Делфино Мобилити Груп официјално пред македонската јавност го лансира најпродаваниот модел на Geely, Coolray, на свечен настан каде беше претставен и Geely Starray, сосема нов модел првпат промовиран во Македонија од сите европски земји.

Двата Geely модели се достапни за купувачите во првиот и единствен од ваков вид, поп-ап салон лоциран во трговскиот центар Џевахир, каде е овозможено на иновативен и непосреден начин запознавање и доживување со возилата на Geely. Како и во салонот, и на самиот настан присутните гости  имаа можност да влезат во автомобилите, да ги разгледаат и од прва рака да ја оценат ексклузивноста на Geely моделите.

Бројот и динамиката на продадени автомобили го потврдува потенцијалот на овој нов бренд, но и недостатокот на пазарот од ваква понуда и исклучителен автомобилски бренд.

„Горди сме и посебно мотивирани што го овозможивме и направивме достапен и за македонските граѓани овој динамичен и иновативен бренд на автомобил. Продажбата во само два месеци, покажа дека македонскиот автомобилски пазар има потенцијал за растење и проширување, посебно со понуда како што е Geely, рангиран меѓу топ 10 најпродавани автомобилски брендови на глобално ниво и автомобил создаден со кинеска виртуозност и перфекционизам, но со европска ДНК“, истакнаа Илија и Сашо Тоневски, сопственици на Делфино Мобилити Груп при лансирањето на новите модели.

Навлегувањето на Geely на македонскиот пазар, беше поздравено и од кинескиот амбасадор во Македонија, како зајакнување на деловните врски помеѓу Македонија и Кина,  кој исто беше присутен на промотивниот настан.

Моделот Coolray е веќе достапен за тест возења и купување во Македонија, во салонот во Џевахир мол, а Geely Starray, првпат виден во Македонија, се очекува да започне со продажба во третиот квартал на 2024 година.

Geely во својата групација ги поседува светски познатите брендови Волво, Полстар (Polestar), Линк&КО (Lynk&Co), Zeekr и Смарт (Smart) а има 12% удел во Aston Martin и 10% од Daimler. Дополнително, има склучено мултимилијардерска соработка со Renault за развој на најсовремени мотори.

Совршеноста на Geely моделите е изградена врз размена на технологијата со неговите европски партнери и стратешки сојузи што ја зајакнува неговата глобална конкурентност и технолошка предност.

Delfino Mobility Group е компанија со богата историја во автомобилската индустрија која трае повеќе од 30 години од кои дваесет години успешно управува со франшизата на Sixt во Македонија а од 2023 година и Sixt Албанија. Располага со повеќе од 1 000 возила низ регионот. Воведувањето на Geely во веќе богатото портфолио означува ново возбудливо поглавје и значајно проширување со автомобилски брендови и ексклузивни модели.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK