Битиќи: Задржувањето на пазарната позиција кај домашните компании, бара и позитивен економски контекст

Битиќи-Задржувањето-на-пазарната-позиција-кај-домашните-компании-бара-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанот по повод промоцијата на ТОП 100 најуспешни компании на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.


„Со голема чест и задоволство стојам денеска овде пред вас, прво затоа што долго време јас бев дел од заедницата од која денес ќе бидат претставени 100-те најуспешни компании, а второ, затоа што овој настан не е само доказ за вашиот претприемачки дух, туку и одраз на синергијата помеѓу приватниот сектор и економските политики на Владата. За вас, најуспешните ТОП-100, зборуваат бројките, кои укажуваат на стабилност и константен раст на компаниите, споредено со показателите од 2021 година. Минатата 2022 година која беше одбележана со економска и енергетска криза, најдобрите 100 оствариле приход од една милијарда и 374 милиони евра, со нето добивка од 100 милиони евра, притоа реализирајќи инвестиции од 64,6 милиони евра и вработувајќи 9.441 граѓани на нашата земја“, рече Битиќи.

Според него, влегувањето во нови инвестициски циклуси и задржувањето на пазарната позиција кај домашните компании, бара и позитивен економски контекст, кој е во делот на одговорноста на Владата и нејзините економски политики за поддршка на стопанството.

„Секојдневно расте бројот на домашни компании кои преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции се охрабрени да инвестираат, до сега, од 2017 година до 2022 година, Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции, а за што се поддржани со околу 100 милиони евра, што е некаде околу 20 отсто. Оваа година потпишавме нови рекордни 289 договори по Законот за финансиска поддршка на инвестиции со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4.439 работни места“, потенцираше Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK