Бесплатен курс за регулаторната динамика во крипто светот на Binance Academy и Институтот Global Fintech


Online course Binance
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Binance Academy, во партнерство со Global Fintech Institute (GFI), го претстави бесплатниот онлајн курс „Вовед во регулаторни ризици и рамки, наменет за финансиски професионалци кои претендираат кон усовршување на знаењето во однос на регулаторната динамика што ја обликува крипто-индустријата.

Програмата ги опфаќа клучните теми како ризици од перење пари, заштита на инвеститорите и глобалните регулаторни практики, вклучувајќи реални студии на случај како колапсот на FTX и усогласеноста на Binance на меѓународно ниво. Курсот исто така обработува и современи технологии како RegTech и SupTech, кои имаат сè поголема улога во подобрувањето на регулаторниот надзор.


Наставата ја водат д-р Ерни Тео од Технолошкиот универзитет Нанјанг и Низам Исмаил, извршен директор на консултантската фирма Етиком и поранешен претставник на Монетарната управа на Сингапур. Курсот завршува со панел дискусија на која учествуваат Ричард Тенг (извршен директор на Binance), Елса Мадрол (VerifyVASP) и Грејс Чонг (Drew & Napier LLC), кои споделуваат свои искуства за движењето на регулативите во крипто просторот.

Партнерството меѓу Binance и GFI, најавено на GFTN форумот во Јапонија (март 2025), има за цел да ја приближи традиционалната и дигиталната финансиска индустрија. Binance веќе додели повеќе од 500 стипендии за курсот „Основи на регулација и усогласеност во крипто индустријата“, поддржувајќи професионалци од финансиски и регулаторни институции.

Со овој чекор, Binance и GFI ја зајакнуваат својата мисија за едукација и одговорен развој на крипто индустријата, создавајќи нова генерација лидери подготвени за иднината на финтекот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK