Белгиска „ABEE“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево, нови 600 работни места

abee
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгиската брзорастечка компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места..







Во првата фаза, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе бидат отворени околу 200 работни места. Просечната бруто плата, според проекциите на компанијата, ќе биде 1.500 евра во бруто износ.

Фабриката ќе почне да се гради на почетокот на следната година во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево, а според планот на компанијата, треба да биде готова кон крајот на годината. Ќе се произведуваат батерии за електрични автомобили.

Договорот денеска во белгиското гратче Нинов го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и сопственикот на компанијата Ношин Омар во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

Очекувањата се државната помош што ќе и се даде на компанијата, да биде вратена за четири до пет години во Буџетот на државата само по основ на персонален данок и данок на добивка.

– Од бројките со кои располагаме можам да кажам дека сето она што како државна поддршка го обезбедуваме за компанијата во рок од четири до пет години веќе би било исплатено назад во Буџетот преку персонален данок и данок на добивка така што како инвестиција и поврат на средства за државата на Буџетот е добро, истакна директорот на ТИРЗ Деспотовски.

Министерот за економија очекува дел од висококвалификуваниот кадар во ТЕЦ Осломеј, кој треба да се трансформира во гасна централа до 2027 година, да се вработи во оваа компанија.

– На инвеститорот му ги презентиравме не само општина Кичево, туку и други општин. каде согласно Стратегијата за развој на енергетиката и што како обврска ја имаме како држава во делот на енергетиката. Моментално, општина Кичево го има РЕК Осломеј каде има голем број висококвалификуван кадар, а согласно Стратегијата за развој на енергетиката, РЕК Осломеј за да работи на јаглен до 2027 година ќе биде голем проблем заради тоа што во ЕУ каде влегуваат и земјите од Западен Балкан како земји од Енергетската заедница ќе се воведат такси за емисии, што значи не е исплатливо по 2027 година да работи на јаглен. Тој ќе се тансфрормира во гасна централа каде не е потребен толкав број на вработени, еден дел од нив ќе се префрли во фотонапонските централи, а ќе има вработени кои ќе имаат можност да аплицираат во оваа компанија, но и во други компании кои ќе инвесирааат, истакна министерот Бектеши.

Тој најави и нови инвестиции од белгиски компании кои се во финална фаза на преговарање и кои ќе бидат распределени низ целата држава.

За сопственикот на компанијата, оваа инвестиција е значаен преврст во стратешкото проширување на ABEE и ја нагласува посветеноста на компанијата кон технолошки иновации и одржливи енергетски решенија.

– Уверени сме дека основањето на оваа најсовремена фабрика ќе придонесе во економскиот раст на Северна Македонија додека истовремено се зацврстува позицијата на ABEE како глобален лидер во инстријата за системи за управување со батерии, истакна Омар.

Компанијата е основана во 2019 година и има вработени од 23 националности што значи привлекува теленти од целиот свет. Станува збор за компанија која вложува во брзорастечки технологии.

Бектеши и Деспотовски заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Антверпен ќе се обратат и на бизнис форум на кој ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK