Бектеши ги повика граѓаните да се жалат за високите сметки за струја: Јас не верувам дека има зголемување повеќе од утврденото од РКЕ 

Од-јануари-струјата-нема-да-поскапи-Бектеши-очекува-пониска-прфитна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за економија, Крешник Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември многумина се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите кои се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.


„Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што го утврди Регулаторната комисија за енергетика, но граѓаните секогаш имаат право на жалба. Ги повикувам ако мислат дека има некоја грешка или пак злоупотреба, секако да пријават и тоа ќе се среди веднаш“, рече министерот Бектеши.

Корекција на сегашната цена на струјата Бектеши нагласи дека  нема да има до први јуни оти, законски цената на електричната енергија во земјава се одредува двапати годишно.

Во декември минатата година министерот Бектеши рече дека со новата методолгија, корисниците од првиот и вториот блок може да очекуваат намалување на сметките за струја и покарај новата давачка за пристап до мрежа. Поскапа струја министерот најави за ониe кои дома трошат колку што троши една фабрика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK