Скопје, 2026 — Asura Group, една од водечките регионални компании за управување и одржување на објекти, прва во Македонија воведува автономни роботи Gausium – напредна технологија за одржување на хигиена што ја користат големи светски аеродроми и комплекси како London Heathrow и Singapore Changi, како и бројни молови, фабрики и логистички центри во САД, Канада и Скандинавија.
Со 17 години работа и присуство во шест држави, Asura Group го унапредува домашниот сектор за управување и одржување на објекти, интегрирајќи решенија што носат повисок квалитет, поголема ефикасност и значително поеколошко управување со големи површини.
Во земјава моментално функционираат три Gausium роботи, поставени во трговскиот центар East Gate Mall, два Scrubber 50 за приземјето и првиот кат (вкупно околу 13.000 m²) и еден Scrubber 75 за двете нивоа подземни гаражи (по 25.000 m² секое).
Овие роботи се веќе глобален стандард за големи, динамични и високо фреквентни простори. Тие самостојно се движат, ја следат мапираната рута, избегнуваат препреки и обезбедуваат стабилен и висококвалитетен резултат на чистење.
Со нив се овозможува значително намалена потрошувачка на вода и хемикалии, предвидлив и стандарден квалитет без оглед на периодот и фреквенцијата, дигитален надзор и дневни извештаи за активности преку апликација и одржливо и безбедно работење во простори со висок број посетители.
„Ова е голем чекор за целиот сектор. Како компанија што управува со стратешки објекти како East Gate Mall, фабрики, логистички центри и институции, наша цел е да ги донесеме решенијата што ја подигнуваат индустријата. Овие системи одговараат и на еден од најголемите предизвици во секторот – недостатокот на квалификуван кадар за големи површини – обезбедувајќи стабилен, мерлив и предвидлив квалитет на услуга“, изјави Стефан Ханџиски, директор на Asura Group Македонија.
Asura Group продолжува да инвестира во технологија што придонесува кон поефикасно, поеколошко и посигурно управување со големи објекти.
Ова е само првиот чекор во пошироката стратегија за модернизација, во која роботизацијата и дигитализацијата ќе играат сè поголема улога во индустријата во регионот.