Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија


kompanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузот на стопански комори на Македонија, го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.


Моментално бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.

Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив добавувач, велат од Стопанската комора.

Сите заинтересирани компании за соработка можат да се пријават најдоцна до 20.02.2025 година, до 14 часот, на следниот e-mail: [email protected]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK