Аналитичари: Изградбата на нови станови во Европа ќе ослабне поради високите трошоци

Аналитичари-Изградбата-на-нови-станови-во-Европа-ќе-ослабне-поради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изградбата на нови станови во Европа нагло ќе ослаби во наредните години поради зголемените трошоци, објави германскиот институт Ифо, повикувајќи се на проекциите на мрежата на европски институти Еуроконструкт.


Европа ќе добие само околу 1,5 милиони нови станбени единици до 2026 година, 13 отсто помалку отколку во 2023 година, објави институтот за економски истражувања Ифо, член на мрежата.

Проценката ги опфаќа Германија, Франција, Шведска, Данска, Австрија, Белгија, Чешка, Финска, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Словачка, Велика Британија и Ирска.

Бројот на новоизградени станови најмногу ќе се намали во Шведска до 2026 година, дури за 47 отсто во однос на 2023 година, покажува истражувањето на Еуроконструкт. Следува Германија, со прогнозиран пад на бројот на нови станови за 35 отсто, истакнува минхенскиот институт.

Во Франција би требало да се намали за 22 отсто, а во Данска за 19 отсто. Светли точки се Ирска, Словачка и Обединетото Кралство, со прогноза за 16, 14 и 12 отсто повеќе нови станови отколку во 2023 година.

Инвестициите во нови станбени згради во Европа треба да се намалат за 6,4 отсто во набљудуваниот период, а трошоците за одржување и реновирање станови за 1,2 отсто, покажа истражувањето.

Активноста во европскиот градежен сектор ќе се зголеми за 7,5 отсто до 2026 година благодарение на очекуваниот натпросечен моментум во енергетскиот и железничкиот сектор и во секторот вода, проценува Еуроконструкт.

„Движечките сили на растот вклучуваат политички цели во енергетиката и заштитата на животната средина, прилагодување на капацитетот во транспортната инфраструктура и општата потреба за модернизација на мрежите“, објаснува Лудвиг Дорфмајстер, експерт од Германскиот институт за градежништво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK