Агенција Рејтинг преку ексклузивно партнерство со Latenta ја носи светската истражувачка експертиза во Македонија


screenshot-2026-06-23-125503.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува и една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти.


Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја применува за над 80 глобални брендови во повеќе од 34 земји низ Европа, Африка и Азија.

Традиционалните истражувања бележат свесни одговори. Latenta го прави спротивното, ги декодира несвесните двигатели на одлуките. Преку комбинација на бихејвиорална психологија, маркетинг наука и вештачка интелигенција, компанијата гради прецизни профили на одлучување, вклучувајќи ги скриените вредности, мотивите, уверувањата, стравовите и надежите кои навистина определуваат зошто некој купува, гласа или останува лојален. Резултатот е математички точна формула за однесувањето, која е применлива веднаш.

Тимот на Latenta е рангиран меѓу топ 0,01% глобални истражувачки експерти. Нивното портфолио опфаќа стратешка сегментација на потрошувачи, оптимизирање на понуди, управување со бренд и репутација, зголемување на лојалноста, како и прецизно психолошко профилирање за изборни и јавни кампањи.

„Досега знаевме многу за тоа ‘што’ мислат луѓето. Со Latenta, за прв пат ќе знаеме и ‘зошто’ одлучуваат. За деловниот свет кој бара сигурност во стратегиите, тоа е фундаментална разлика.“, изјави Никола Спасов, директор на Агенција Рејтинг.

Рејтинг го извезува знаењето кон светот

Партнерството меѓу Рејтинг и Latenta не е едносмерно. Агенција Рејтинг ќе дејствува и како стратешки ПР и дигитален комуникациски партнер на Latenta на меѓународно ниво, поддржувајќи ја глобалната позиција на компанијата преку специјализирани комуникациски услуги.

Со тоа, Рејтинг станува една од ретките македонски и регионални агенции кои извезуваат стручна експертиза кон глобални клиенти – модел кој ја позиционира Рејтинг како агенција со вистински меѓународен дострел.

„Неколку години успешно соработуваме со Рејтинг на проекти во делот на комуникациите, односите со јавноста и дигиталните комуникации. Тимот има огромно знаење и искуство за големи меѓународни проекти на кои ние работиме и ова партнерство е исклучително важно за нас. Нашите услуги се целосно комплементарни и верувам дека ова партнерство ќе донесе голем успех за двете агенции“, рече Михајло Попеску, основач и директор на Latenta.

За Агенција Рејтинг

Агенција Рејтинг е водечка македонска истражувачка и комуникациска агенција со речиси две децении присуство на пазарот. Нуди услуги од маркетинг истражување и истражување на јавното мислење до стратешки комуникации и дигитален маркетинг.

За Latenta

Latenta е лондонска компанија специјализирана за бихевиорална аналитика и психолошко профилирање. Со тим рангиран во топ 0,01% глобални истражувачки експерти, компанијата работи со над 80 глобални брендови во 34+ земји низ Европа, Африка и Азија. www.latenta.com

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK