Тимот Peugeot TotalEnergies ќе се натпреварува со два PEUGEOT 9X8 хиперавтомобили на 92-то издание на „24 часа Le Mans“.
Целта е да се има максимална доверливост и да се прикажат перформансите кај PEUGEOT 9X8 2024
Дваесет и три прототипи ќе се натпреваруваат во елитната категорија на хиперавтомобили, а се очекуваат повеќе од 320.000 фанови и посетители за време на лудилото што се нарекува „недела на Le Mans“.
Откако минатогодишното издание привлече рекордна толпа од 325.000 фанови, „24 часа Le Mans“ оваа година е повторно распродаден. Билетите за настанот во оваа 2024 година, беа буквално распродадени за неколку дена.
Да се соочиме со тоа, љубителите на трките ги имаат сите причини да дојдат. Тие можат да очекуваат многу возбуда на патеката „Circuit de la Sarthe“, со дваесет и три прототипи и девет престижни производители на автомобили, кои се натпреваруваат во елитната класа на хиперавтомобили. Оваа 24-часовна тркачка патека е најдолгата (13.626 km) и најбрзата (просечна брзина поголема од 240 km/h) патека на светскиот шампионат на издржливост на FIA.
„Le Mans е вкоренет вo ДНК кодот на брендот PEUGEOT. Сеќавањата и емоциите што се чувствуваат на овој култен настан се протегаат низ генерациите“, изјави Jean-Marc Finot, Потпретседател на Stellantis Motorsport и додаде: „Ентузијазмот што го видовме на Le Mans во 2023 година, покажа колку силно фановите го поддржуваатPEUGEOT. Оваа година се враќаме порешителни од кога било. Тимот работеше неуморно повеќе од една година за да се пласира на стартната линија на 15 јуни. Овогодинешната трка ќе биде историјска во однос на големината и квалитетот на натпреварот. „24 часа Le Mans“ е уникатна авантура за човекот“.
Тимот Peugeot TotalEnergies во трката влезе со две верзии на PEUGEOT 9X8 2024. Тимот има намера да ја покаже доверливоста на автомобилот и придобивките од перформансите направени во овој радикално изменет хиперавтомобил, кој го имаше своето натпреварувачко деби на „6 часа Imola“ на почетокот на април, по само десет месеци развој.
„Навистина сме задоволни што успеавме да го возиме овој автомобил за прв пат на Imola“, истакна Olivier Jansonnie, технички директор на Peugeot Sport. „Да се развие хиперавтомобил кој е за 90% нов во однос на каросеријата и тоа за само десет месеци, со сѐ времето за производството за делови и алати е навистина импресивно достигнување. Овој подвиг возможен го направи тимската работа на екипата на Peugeot TotalEnergies“.
На своето натпреварувачко деби, PEUGEOT 9X8 2024 ги обезбеди првите бодови на WEC за тимот во оваа сезоната со деветтото место на „6 часа Imola“. И покрај тоа што се соочи со многу силна конкуренција, три недели подоцна PEUGEOT 9X8 2024 постигна уште еден пласман да заврши помеѓу првите десет на листата на „6 часа Spa-Francorchamps“.
„Справување со сите моменти за време на трката и придобивките од перформансите беа во согласност со нашите очекувања и она што го забележавме за време на зимските тестирања“, потврди Olivier Jansonnie. „Сепак, нема сомнеж дека сè уште треба да се подобриме. Со околу дваесет хиперавтомобили на патеката, видовме како ѝ најситните детали можат да ја направат разлика. Во Imola и Spa, благодарение на одличната стратегија и напорната работа на сите во тимот, трката ја завршивме пред побрзите болиди. Доколку ги погледнете перформансите на болидот, очигледно е дека ние го подобривме исходот, иако реално сеуште не го достигнуваме резултатот на кој се надевавме.
Историски гледано, Le Mans е една од најуникатните трки“, објасни Olivier Jansonnie. „Се разбира тука е автомобилот, неговата брзина и сигурност, но се работи и за подготовка на тимот, стратегија за трката и тн. Нашите подготовки започнаа во јули 2023 година, откако темелно го разгледавме 91-то издание, гледајќи што функционира добро, каде би можеле да се подобриме и сл. Минатата година беше нашиот прв пат да се вратиме на Le Mans по долго време и оваа година дефинитивно ќе бидеме подобро подготвени. Минатата година, во во 2023 времето беше многу променливо и тимот Peugeot TotalEnergies успеа максимално да ги искористи незгодните услови. 94 PEUGEOT 9X8 ја водеше трката цели 34 круга среде ноќ и двата болида ја поминаа целната линија на најголемата трка во светот!
Оваа година реално не размислуваме на резултатот. Нашиот единствен фокус е кон тоа да обезбедиме трката да минува без проблеми и да обезбедиме максимална сигурност. Ќе имаме појасна идеја за тоа каде стоиме во однос на перформансите по тест денот и соодветно ќе го прилагодиме нашиот пристап кон трката“.
Денот за тестирање треба да се одржи во недела на 9 јуни. Тимовите и возачите ќе имаат шест часа време за да ја искусат патеката “24 Heures du Mans“ (13.626 km). Три тренинзи и квалификации ќе се одржат во среда на 12 и четврток на 13 јуни. Потоа ќе следи “Hyperpole“ каде ќе се натпреваруваат осумте најдобри хиперавтомобили. 92-тото издание на „24 часа Le Mans“ официјално ќе започне во сабота на 15 јуни во 16 часот од страна на победникот на Светскиот куп во 1998 година, Zinédine Zidane.
„24 часа Le Mans“ е огромна мотоспорт забава која ги обединува навивачите, семејствата и љубителите на трките од целиот свет. PEUGEOT верува дека овој настан ќе биде одличен спортски фестивал. Во фан зоната на PEUGEOT, фановите ќе имаат можност да се соберат, да ја следат трката, да уживаат во забавата и да танцуваат на музика. Тоа ќе биде можност за фановите да се дружат додека навиваат за PEUGEOT.
Linda Jackson, Извршен директор на брендот PEUGEOT
„PEUGEOT втора година по ред се натпреварува на „Le Mans“ трката која е дел од светскиот шампионат за издржливост на FIA.
Минатата година, кога се вративме на Le Mans, една работа се истакна над сè друго… фановите на PEUGEOT, нашите „Лавови“! Атмосферата и поддршката што ја почувствувавме од PEUGEOT фан зоната беше неверојатна и ние сме многу благодарни за тоа. Исто така, нè потсети дека „Le Mans“ е за славење и споделување на нашата страст за мотоспортот и трките на издржливост со нашите клиенти и фанови.
Тимот Peugeot TotalEnergies неуморно работеше на развојот на 9X8 2024. Ние сме обединет тим, решени да се претставиме и да се истакнеме. Беше фантастично да се види напредокот постигнат на трките на кои присуствував до “Le Mans“ минатата година, а особено да се види ентузијазмот и возбудата околу откривањето на PEUGEOT 9X8 2024. PEUGEOT има одличен рекорд во трките на издржливост, со три директни победи на “Le Mans“ (1992, 1993 и 2009 година). Очигледно, нашата цел е да победиме овде, се разбира, ѝ да додадеме четврта титула на оваа серија победи!
„FIA WEC“и „24 часа Le Mans“ продолжуваат да обезбедуваат фантастична арена во која ќе ја прикажеме иновативната работа што ја правиме во PEUGEOT. Горди сме што се вративме на „24 часа Le Mans“ во Франција и едвај чекам да го споделам ова искуство со фановите“.
Paul di Resta (бр. 94 PEUGEOT 9X8)
„Мислам дека хиперавтомобилите се создадени за да се тркаат на „Le Mans“. Ова е местото каде што тие навистина можат да се изразат. Со верзијата од 2024 година, мислам дека можеме да се натпреваруваме со големите натпреварувачи. Тоа секако ќе се обидеме да го направиме. Мислам дека клучната работа ќе биде да имаме мирна трка, да останеме во истото темпо со лидерот, да продолжиме да се бориме и да ја покажеме нашата одлучност до крај. Едвај чекам да излезам таму и да ги доживеам посебните моменти во кои уживавме минатата година: адреналинот што го имавте како тим, емоциите на крајот од трката и чувството дека постигнавме перформанси што ги надминаа нашите надежи и очекувања. Знаеме дека ќе биде многу, многу тешко, но ќе дадеме сѐ од себе. Тешко е да се изрази што би значело да се освои “Le Mans“, но да се освои „Le Mans“ со француски производител мора да е неверојатно“.
Loïc Duval (бр. 94 PEUGEOT 9X8)
„Моето најголемо сеќавање од 2023 година беше тоа што видов солзи во очите на сите откако ја минавме целната линија и исто така, фактот дека во 3 часот наутро, сè уште бевме помеѓу првите три позиции. Тоа беше огромен подвиг за целиот тим. За жал, имавме незгода и излеговме од патеката, а потоа се појавија и неколку технички проблеми… Оваа трка е посебна затоа што Le Mans се случува само еднаш годишно. Тоа е како финале, финале на светско првенство на пример, финале за кое сите се подготвуваат во текот на годината. Тоа е исто така поврзано со форматот: тркањето 24 часа е нешто многу различно. Тешко им е на возачите, тимовите и болидите. Тоа е голем предизвик. Le Mans е најголемата трка во светот и тука има толку многу историја… Има такви што се тркале овде, а и сите оние кои би сакале да учествуваат. Оваа година имаме нов автомобил. Не е 100% нов, но има драстични разлики со претходната верзија. Нема да биде лесно бидејќи имаме уште многу да научиме во споредба со нашите ривали, кои возат ист болид една или две сезони. Сè уште учиме за нашиот автомобил. Ние сме прилично задоволни од тестирањето и првите неколку трки. Очигледно има добивка во перформансите и исто така многу работевме на подобрување на доверливоста. Тоа често е одлучувачки фактор на “Le Mans“ “.
Mikkel Jensen (бр. 93 PEUGEOT 9X8)
„Минатата година беше многу посебна за мене бидејќи првпат се натпреварував во елитната класа на хиперавтомобили со PEUGEOT, француски бренд, со поттик и поддршка од француските фанови во текот на целата недела… Исто така, добив голема поддршка и охрабрување од сите дански навивачи, кои во голем број доаѓаат на “Le Mans“. Ова ќе биде прва трка на PEUGEOT 9X8 2024 на “Le Mans“. Оваа година сме поамбициозни отколку во 2023 година, иако конкуренцијата ќе биде уште посилна. Ќе биде потешко да се заврши оваа година на подиумот отколку лани. Но, ние се фокусираме за да се обидеме да подобриме сè. Тимот заврши одлична работа на последните неколку трки, без грешки при застанувањето во боксот, добри стратегии и тн. Затоа ќе се концентрираме на трката. Пред тоа, ќе треба да ги најдеме вистинските поставки на тест деновите за да бидеме меѓу првите. Невозможно е да се предвиди конечниот исход, но ќе дадеме сè од себе, ќе уживаме и ќе видиме каде ќе завршиме…“
Nico Müller (бр. 93 PEUGEOT 9X8)
„Се сеќавам дека ја водев трката околу полноќ во прилично тешки услови. Чувството е посебно да се биде водечки на теренот на „24 часа Le Mans“. Би сакале тоа чувство да трае подолго, но преминувањето на двата болида преку целната линија беше многу пријатно само по себе на првата трка на PEUGEOT назад на “Le Mans“. Тоа е најголемата трка во светот и е нераскинливо поврзана со историјата на брендот. Трката е апсолутно единствена и овде може да се тркате само еднаш годишно. Така што дури и постројувањето на стартот на оваа неверојатна трка, е посебно само по себе. Борбата за победа беше чест! Работевме напорно за да го подобриме целосниот пакет на верзијата 2024 за денес PEUGEOT 9X8 да има поголем потенцијал. Ќе го дадеме максимумот од нас и од самиот автомобил за постигнување подобар резултат на патеката на “Le Mans“. Се подготвивме темелно и тестирањето помина добро. Тимот вложи многу напор и ние потрошивме многу време… Конкуренцијата ќе биде неверојатно силна, го знаеме тоа, но сакаме да се бориме на патеката“.
Stoffel Vandoorne (бр. 94 PEUGEOT 9X8)
„Минатата година бев резервен возач за PEUGEOT на “Le Mans“. Беше многу интересно, но оваа година ќе биде навистина поинаква бидејќи јас ќе го возам PEUGEOT 9X8 2024! Пред да почнам да се натпреварувам на трките на издржливост, не можев да сфатам колку е значајна оваа трка. Минатата година почнав да ја ценам големината на „24 часа Le Mans“. Тоа е долга недела, тоа е стресно и не спиете многу, но ми се допадна! Имаме нов болид од Imola. За жал јас ја пропуштив трката во Spa поради преклопување со Формула Е. Има уште многу да се научи за овој PEUGEOT 9X8 2024, но ние имавме доволно среќа да се натпреваруваме на два настани пред да се тркаме на “Le Mans“. Се чувствувам подготвен. Веќе настапив на неколку трки на издржливост и направив многу тест возења. Подготвен сум да се справам со овој предизвик. Свесни сме дека се бориме со најдобрите. Со толку многу хиперавтомобили на патеката, тоа ќе биде 24-часовен спринт каде што сите ќе ја притискаат педалата за гас до максимум сè до целта. Но, ние ќе бидеме во игра…“
Jean-Eric Vergne, (бр. 93 PEUGEOT 9X8)
„Првенствено, “Le Mans“ е најуникатната трка. Ние не возиме често на тркачки патеки долги 13 или 14 km или кои се доста тешки. Патеката е составен дел од историјата на оваа единствена трка. Како возач, мора да бидете во добра форма, очигледно, но повеќе е прашање на подготовка за сите во тимот, механичарите и болидите се разбира. Целиме високо, дури и ако последните две трки не одеа точно според планот. Ако успееме да избегнеме механички проблеми за време на трката, тоа може да се покаже како одлучувачко. Се надевам и дека ќе имаме темпо за да се бориме за победа. Тоа е мојата цел и мислам дека така се чувствува и целиот тим“.
ПР