Полицијата во Младеновац ја уапси Ј.В. која вчера во Младеновац под дејство на алкохол го претепала својот зет З.М.
Таа при приведувањето изгребала и гризнала еден полицаец за рака, а друг за дланка.
Сите повредени мажи се примени во Здравствениот дом во Младеновац, каде им се констатирани полесни физички повреди.
На Ј.В. за семејно насилство и напад врз службено лице одреден и е полициски притвор до 48 часа.
Истрагата ја води Основното јавно обвинителство Младеновац.