Заврши уште еден ден од потрагата: телото на малата Данка Илиќ и денеска не е пронајдено

danka-potraga.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши уште еден ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а телото на девојчето не е пронајдено. Како што јавува Н1 од село Злот, камионите и џиповите на пожарникарите-спасувачи се повлекле од околината на куќата на еден од осомничените за убиството на детето, бидејќи почнало да се стемнува.


Беа претресени и зградите до дворот на осомничениот Д.Д, јавува Н1.

Не се знае дали сите овие објекти се во сопственост на семејството Д.Д. Пребаран е и резервоарот за вода кој се наоѓа веднаш до дворот на Д.Д. Куќата на осомничениот повторно била претресена во понеделникот. Од неа биле земени некои предмети.

Претходните денови се пребаруваше и просторот околу Кањонот Лазарев, пештерата Лазарев и по течението на Злотска река, но нема попрецизни информации каде се уште би можело да се изврши потрагата.

Некои медиуми објавија дека претрес се врши и на новите гробишта во Злот.

Данка Илиќ исчезна на 26 март. Во четвртокот најпрвин претседателот на државата, а потоа и министерот за внатрешни работи во јавноста соопштија дека детето е убиено.

Двајца 50-годишни мажи од Бор се уапсени по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации. Ним им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Под сомнение дека помогнале да се сокрие телото, уапсени се и братот и таткото на еден од осомничените.

Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство. Еден од нив Д.Д.(40) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа, почина во неделата во Полициското одделение во Бор, соопшти МУП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK