Сослушан школскиот другар на убиецот на Данка: нов чекор во истрагата

danka-ilic-bor-potraga-02-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата во селото Злот го сослушала и школскиот другар на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиство на двегодишно девојче.

– Инспекторите го испрашуваа школскиот другар на Дејан кој живее во село Злот. Не се знае какви информации им открил- вели извор.

Како што пишуваше „Блиц“, претходно на имотот на семејството Драгијевиќ пристигнала Итната помош, по што следеле 15-ина инспектори.

Данка исчезна на 26 март. Потрагата по телото  се уште трае.

Полицијата извршила увид во дворот на Драгијевиќ, како и кај соседот кој пријавил во полиција дека во понеделникот му бил скршен катанецот на капијата и дека во дворот има бунар и дупка до септичката јама.

Потрагата потоа се прошири – прегледана е акумулација во близина на куќата на осомничениот, како и потокот и отпадот, напуштената куќа на дедото на Дејан која се наоѓа во селото, како и гробиштата. Проверени се и Лазаревата пештера, патеката покрај Злотска река, блиската депонија, како и лазаревиот кањон и тоа од повеќе страни.

Но, се уште нема тело, а се доведуваат во прашање сите досега дадени изјави на осомничените.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK