Започнува судскиот процес против Додик

Започнува-судскиот-процес-против-Додик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот на БиХ ги отфрли сите приговори на адвокатот на Милорад Додик на потврденото обвинение на Обвинителството на БиХ кое ги товари Додик и Милош Лукиќ, в.д. директор на Службен весник на Република Српска, поради непочитување на одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.


Адвокатите на Додик во своите приговори тврдеа дека кривичното дело за кое е обвинет Додик не постои бидејќи Шмит е незаконски претставник. Со отфрлање на сите приговори почнува судскиот процес за Додик, пишува Дневни аваз.

Претходно двапати беа одбиени барањата на одбраната на Додик за изземање на судијката Јасмин Дедовиќ Ќосиќ, која го потврди обвинението и сега ги отфрли приговорите. Бидејќи за ова дело е предвидена затворска казна помала од пет години, на Додик ќе му суди судија поединец. Но, кој ќе биде, ќе се избира по случаен избор, поточно ќе го избира системот за автоматско водење на предмети во судовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK